Фото: Фондација „Марко Божиновски“

РАКОМЕТ – МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МАРКО БОЖИНОВСКИ“

Сакаме да ви се заблагодариме на сите што на каков било начин учествувавте на турнирот, почнувајќи од тимовите, судиите и делегатите, кои средствата добиени од турнирот ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“, потоа на сите пријатели што учествуваа во логистичката поддршка и организирањето на турнирот, како и на сите гледачи и љубители на ракометот, кои со своето присуство создаваа атмосфера по која турнирот ќе остане запаметен. Наш аманет ќе остане овој турнир да стане традиционален и да претставува престиж во кадетскиот ракомет. Се гледаме и ве очекуваме и следната година, а дотогаш следете нѐ на социјалните мрежи за нашите активности, информираат од фондацијата „Марко Божиновски“

Младите ракометари на хрватскиот клуб Нексе од Нашице (Хрватска) се победници на првото издание на меморијалниот младински турнир „Марко Божиновски“ за играчи до 18 години, кој изминативе четири дена се играше на отвореното игралиште во спортскиот центар во населбата Ново Лисиче во Скопје, кој го носи името на прерано починатиот ракометар Марко Божиновски.

Во финалниот меч на турнирот, играчите на Нексе ги совладаа своите врсници од Војводина од Нови Сад (Србија), со 37-33, а во мечот за третото место екипата на Голден арт славеше на дуелот со Пролет (32-30, 27-27), по изведување пенали. Петтото место го освои екипата на Вардар, која со 35-28 беше подобра во дуелот со Алкалоид, а во мечот за седмото место поуспешна беше екипата на Еурофарм Пелистер, која го совлада Бутел, со 36-33.

За најдобар играч (МВП) на турнирот беше прогласен Јосип Колариќ од Нексе, епитетот најдобар голман го доби Бодин Хркаќ, исто така од Нексе, а како најдобар стрелец турнирот го заврши Симон Шијак од Војводина. Специјална награда на турнирот „најдобро лево крило“ (позицијата на која играше Божиновски) ја доби ракометарот на Бутел, Филип Бошковски.

Во изминатите три дена, на високо организациско ниво, со солидна заинтересираност на трибините и во убава спортска атмосфера, можеше да се види квалитетен и коректен ракомет од сите екипи. Едноставно, отвореното игралиште на СЦ „Марко Божиновски“ пулсираше во знакот на спортот и на младите. Фондацијата „Марко Божиновски“ ја продолжува мисијата на прерано починатиот млад ракометар и репрезентативец, промовирајќи го ракометот како спорт што му беше голема љубов на Марко.
– Сакаме да ви се заблагодариме на сите што на каков било начин учествувавте на турнирот, почнувајќи од тимовите, судиите и делегатите, кои средствата добиени од турнирот ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“. Потоа на сите пријатели што учествуваа во логистичката поддршка и организирањето на турнирот, како и на сите гледачи и љубители на ракометот, кои со своето присуство создаваа атмосфера по која турнирот ќе остане запаметен. Наш аманет ќе остане овој турнир да стане традиционален и да претставува престиж во кадетскиот ракомет. Се гледаме и ве очекуваме и следната година, а дотогаш следете нѐ на социјалните мрежи за нашите активности – информираат од фондацијата „Марко Божиновски“.