Фото: ЕПА

Засега најефикасна селекција со 88 гола и со најголема гол-разлика, од плус 49, е бранителот на светскат  круна, Норвешка

ПО НЕКОМПЛЕТНОТО ВТОРО КОЛО НА СП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ

На 26. Светско првенство (СП) во ракомет за жени, кое се игра во Данска, Норвешка и во Шведска, по некомплетното второ коло (вчера се играа мечевите од тоа коло во групите А и Е), 11 репрезентации веќе обезбедија пласман во главната групна фаза, во која ќе играат 24 селекции.
Првите три репрезентации од секоја од осумте групи поминуваат во главната рунда, а оние што ќе бидат на последното место ќе играат во Президент-купот. До вчера, единствено изненадување приреди Сенегал, кој ремизира со Хрватска (22-22)
Понатаму одат Унгарија и Црна Гора од групата Б, потоа Норвешка од групата Ц, Словенија и Франција од групата Д, Германија и Полска од групата Ф, Бразил и Шпанија од групата Г и Холандија и Чешка од групата Х, сите со по две победи, односно по четири бода. Најнеизвесно е во групите А и Е.
Засега најефикасна селекција, со 88 гола, и со најголема гол-разлика (плус 49), е бранителот на светската круна, Норвешка, а најмногу голови на еден меч постигна токму Норвешка (45) на дуелот со Австрија. Г.И.