Фото: Архива

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Египет со 25-32 на првиот пријателски натпревар одигран во Каиро. Домаќинот ја стекна одлучувачката предност од 23-18 по низа грешки на избраниците на селекторот Кирил Лазаров кон средината на второто полувреме, откако претходно двете селекции играа рамноправно.

Филип Талески беше најпрецизен кај Македонија со шест погодоци, додека голманот Никола Митревски забележа 11 одбрани, меѓу кои сопре и два седмерци.

Македонија и Египет ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство во јануари в година.