Младите ракометарки на Металург ја одбранија шампионската титула и трета година во низа се младински најдобри во Македонија. Девојките од „Автокоманда“ во финалето на завршниот турнир во младинска конкуренција, убедливо со 37-22 славеа над Вардар јуниор, меч во кој влегоа како фаворитки, а излегоа како шампионки.
Избраничките на Јулијана Црвенковска својот квалитет и доминација ги демонстрираа во текот на целата натпреварувачка сезона, забележувајќи 12 победи во групната фаза и две на финалниот турнир, со што сезоната ја завршија со перфектни 14 победи од 14 натпревари.
Во мечот за трето место триумфира Вардар, кој со 29-22, го победи Кичево.
Завршниот турнир во машка младинска конкуренција ќе се игра в четврток, а во борбата за титулата ќе се сретнат Металург 2, КЛ-7 Струга, Вардар и Борец. Та.Д.
Младински шампионки
2011 – Металург
2012 – Вардар
2013 – Металург
2014 – Металург
2015 – Вардар
2016 – Металург
2017 – Металург
2018 – Металург