ФУДБАЛ

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека АС Пирае од Тахити ќе учествува на претстојното клупско Светско првенство (СП) во ОАЕ, по повлекувањето на Окленд сити (Нов Зеланд) од натпреварувањето.

„ФИФА беше информирана дека одложеното повторно отворање на границите во Нов Зеланд поради тековната пандемија на ковид-19, како и повторното воведување на задолжителниот карантин по враќањето во земјата, значеше дека Окленд сити мораше неволно да се повлече од турнирот“, пишува ФИФА на својата интернет-страница.

Како резултат на тоа, Пирае сега е номиниран за претставник на Океанија на клупското СП, на кое ќе настапат континенталните клупски шампиони Монтереј (Северна Америка), Челси (Европа), Палмеирас (Јужна Америка), Ал Хилал (Азија), Ал Ахли (Африка), како и шампионот на ОАЕ, Ал Џазира. Светското клупско првенство е предвидено да се одржи во ОАЕ од 3 до 12 февруари.