ФУДБАЛ – КУП НА НАЦИИТЕ НА АФРИКА

На 33-то првенство на Африка, во Камерун, ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи

Во Камерун, од 9 јануари до 6 февруари, ќе се одржува 33. Куп на нациите на Африка (АФКОН) во фудбал, кој беше одложен за една година поради пандемијата на коронавирусот. АФКОН се игра од 1957 година (во Судан) и се одржува секои две години. Првпат по 2010 година, откако беше преместен во непарни години, во 2013-та, АФКОН ќе се игра во истата календарска година како и Светското првенство (СП), наесен во Катар.
На првенството ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи, кои ќе одиграат 52 натпревари. Победникот и второпласираниот тим од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, како и четирите најдобри третопласирани селекции според вкупниот број бодови во својата група, а дополнителни критериуми се гол-разликата и постигнатите голови.

Натпреварите ќе се играат во пет града, во Лимбе, Дуала, Гаруа, Бафусам и во Јаунде. Групната фаза ќе заврши на 20 јануари, а осминафиналната фаза е три дена подоцна, на 23 јануари. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во два дена, на 29 и 30 јануари, а полуфиналињата на 2 и 3 февруари. Финалето е на 6 февруари.
На АФКОН ќе настапат и ѕвездите како Мохамед Салах, Садио Мане, Ријад Марез, Едуард Менди, Пјер Емерик-Обамејанг, Себастијан Алер, Калид Кулибали и многу други. Покрај нив гарант за возбудувања и неизвесност е фактот дека на претходните шест турнири имаше шест различни победници.

Титулата од минатото првенство ќе ја брани Алжир, кој пред три години во финалето го совлада Сенегал со 1-0, репрезентацијата од Африка со највисок пласман на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА).


ДВОЈКИ, 1. КОЛО

Група А
Камерун – Буркина Фасо
Етиопија – Зелено’ртски О.
Група Б
Сенегал – Зимбабве
Гвинеја – Малави
Група Ц
Мароко – Гана
Коморос – Габон
Група Д
Нигерија – Египет
Судан – Гвинеја Бисао
Група Е
Алжир – Сиера Леоне
Екваторијална Гвинеја – БСК
Група Ф
Тунис – Мали
Мавританија – Гамбија


ДОСЕГАШНИ ПРВАЦИ

Египет 7 (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010)
Камерун 5 (1984, 1988, 2000, 2002, 2017)
Гана 4 (1963, 1965, 1978, 1982)
Нигерија 3 (1980, 1994, 2013)
ДР Конго 2 (1968, 1974)
Брегот на СК 2 (1992, 2015)
Алжир 2 (1990, 2019)
Етиопија 1 (1962)
Судан 1 (1970)
Конго 1 (1972)
Мароко 1 (1976)
Ј. Африка 1 (1996)
Тунис 1 (2004)
Замбија 1 (2012)