Неодамна одржаниот боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол предизвика големо внимание во јавноста, а притоа шокантно прозвуче информацијата дека поранешниот Јутјубер го доби мечот на поени. Тоа беше повод многумина сè уште да веруваат дека „Железниот Мајк“ намерно го пушти Пол да победи и дека натпреварот бил наместен.
Но, тоа како да не беше доволно, медиумите сега најавуват нова спектакуларна понуда за познатиот боксер.
Имено, од Саудиска Арабија пристигнуваат информации дека Турки Алалшик, тамошен бизнисмен и човек кој стои зад сите големи боксерски спектакли во оваа земја, е подготвен да му понуди на Мајк Тајсон нешто што тој никако не можел да го одбие. Според информациите, тој е подготвен да понуди 700 милиони долари за нова борба меѓу двајцата, но има еден услов.
Сите 700.000.000 долари ќе му припаднат на Мајк Тајсон, но само доколку го нокаутира Пол во првите три минути од борбата.
-Џејк Пол е шега, му давам на Тајсон 700 милиони долари доколку се согласи на нова борба и ако овој пат направи вистинска борба против Пол и го нокаутира за три минути – изјави Турки Алалшик.
Anthony Joshua, Cristiano Ronaldo, Tyson Fury and Francis Ngannou
What a link up 🤩 pic.twitter.com/0WcwgbSrlw
— Janty (@CFC_Janty) March 6, 2024