Претседателите на Македонскиот, Францускиот, Црногорскиот, Албанскиот и Косовскиот олимписки комитет, денес во Приштина потпишаа договор за соработка.
Националните олимписки комитети се обврзаа за многу поблиска соработка во областа на врвниот спорт, обука на тренери, спортската администрација, спортската медицина, анти-допинг програми, како и поттикнување на Националните спортски федерации на меѓусебна поблиска соработка.
– Сите заедно делиме иста идеја, исти искуства и сите сакаме да го направиме нашиот спорт многу подобар, со многу подобри врвни резултати, а Франција како светска спортска велесила ќе даде посебен придонес кон развојот на врвните спортски резултати на нашите спортисти. Заедно ќе бидеме посилни и во ситуации на заедничка кандидатура односно организација на врвни мулти-спортски меѓународни настани и секако размената на искуства и знаења ќе биде од огромна корист за сите нас – истакна претседателот на МОК, Даниел Димевски
Договорот се потпишува во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024.