КОШАРКА – НБА
Џејлен Браун постигна 27 поени, а Бостон го совлада на гости Торонто со 106-104 и ја продолжи својата победничка серија на девет натпревари, која е најдолга во сезоната, пишува „Ројтерс“.
Грант Вилијамс и Малколм Брогдон додадоа 25, односно 23 поени во победата на Бостон. Пејтон Причард ги постигна сите 12 свои поени во четвртата четвртина. Бостон настапи без Џејсон Тејтум, а Торонто без Фред Ванвлит (повредени).
Бостон е водечки тим во Источната конференција сезонава и со најдобар резултат досега во НБА-лигата, со 35 победи и 12 порази. На Истокот потоа следуваат Филаделфија (30-16), Милвоки (29-17), Њу Џерси (28-17), Кливленд (29-19), Мајами (25-22), Њујорк (25-22), Атланта (24-23)…
Во Западната конференција, пак, во водство е Денвер, со 33 победи и 13 порази, а потоа се Мемфис (31-14), Сакраменто (26-19), Њу Орлеанс (26-20), Далас (25-22), Голден стејт (23-23), Минесота (24-24)…