КОШАРКА
Наместо еден, тренерите на екипите од кошаркарската Евролига во сезоната 2023/2024 ќе имаат право на два т.н. челенџа (барање за проверка на судиска одлука) за време на натпреварите.
– Нема некои суштински промени во правилата на играта. Една од нив е промената на правилата на барањето челенџ. Отсега секој тренер ќе има право на два, наместо на еден челенџ, како што беше претходно – вели тренерот на Жалгирис, Казис Максвитис.
Сепак, тој децидно не открил како ќе се направи тоа, по веста што беше обелоденета по состанокот на бордот на Евролигата, кој се одржа во Барселона (Шпанија). Г.И.