КОШАРКА – НБА

Во кошаркарската НБА-лига се одиграа седум натпревари, а вечерта ја обележи Минесота, која успеа да ја анулира негативата од 22 поени и да победи на гости кај Лос Анџелес клиперс (118-110). Најзаслужен за триумфот беше Ентони Едвардс со 37 коша. Минесота сега е трета во Западната конференција со 45 победи и 21 пораз, а ЛА клиперс е четврти со 41/23.
На гости славеше и Индијана против Оклахома (121-111), предводена од Мајлс Тарнер со 24 поени. И покрај поразот, Оклахома и понатаму е прва на Западот со 45/20, колку што има и Денвер.
Лидерот во Истокот, Бостон, ја забележа 51-та победа, овој пат над Јута (123-107). Џејсон Тејтум беше најефикасен кај Бостон со 38 поени. Сакраменто како домаќин славеше над Милвоки (129-94) и со тоа ја забележа првата победа против овој клуб по повеќе од осум години. Последен пат тоа го сториле на 1 февруари 2016 година. Најефикасен кај победникот беше Дирон Фокс со 29 коша, а кај Милвоки Јанис Адетокунпо постигна 30 поени.
Во преостанатите дуели се остварија следните резултати: Њујорк – Филаделфија 106-79, Мемфис – Вашингтон 109-97, Хјустон – Сан Антонио 103-101. Г.И.