КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ
Стивен Кари постигна 43 поени и го предводеше Голден стејт до втората победа во финалето на кошаркарската НБА-лига, на мечевите со Бостон, сега со 107-97 на гости, во четвртиот натпревар од финалето, враќајќи ја серијата во Сан Франциско израмнета на 2-2 во победи, во серијата што се игра до четири победи.
Сега следуваат наизменични мечеви во Сан Франциско и во Бостон, па Голден стејт би ја задржал предноста на домашен терен во седмиот натпревар, доколку биде потребно.
Кари, кој го постигна третото најдобро издание во плејофот во неговата кариера, додавајќи и 10 скока, имаше проблем со зглобот, кој го повреди во третиот меч, но во четвртиот дуел одигра 41 минута.