КОШАРКА

Кошаркарската НБА-лига им соопшти на екипите дека пласманот на тимовите што ќе се пласираат во плејофот ќе се одредува според процентот на победи и дека сите регулативи за т.н. тајбрејк ќе ги следат вообичаените процедури, пишува на официјалната страница на НБА-лигата.

Ова беше прашање за кое беше потребно појаснување, затоа што 22-те екипи што ќе одат во Орландо, за планираното продолжување на сезоната следниот месец нема да имаат одиграно ист број натпревари.

Врз основа на планот на лигата за рестартирање, со натпреварите што ќе почнат повторно на крајот на јули, Далас ќе има најмногу натпревари сезонава, 75. Повеќето други тимови ќе играат помеѓу 72 и 74 дуела, а најмалку, по 71, треба да одиграат Сан Антонио и Лос Анџелес лејкерс, пред да почне плејофот.

Вообичаено, во регуларниот дел од сезоната секоја екипа игра по 82 меча, што не беше можно сезонава поради пандемијата на коронавирусот и суспензијата на сезоната на 11 март. НБА уште не го одреди распоредот на мечевите.