Фото: Фејсбук/ ФМ Љубиша Андоновски (Гамбит Ассеко СЕЕ)

Машките екипи на 27-кратниот првак Алкалоид и на Гамбит Ассеко СЕЕ водат по четвртото коло на Екипното првенство на Македонија во шах што се игра во Струга, со по максимални осум бода. Дербито на 4. коло коло помеѓу вице-првакот Мулти Есенс и Гамбит Ассеко СЕЕ му припадна на Гамбит Ассеко СЕЕ. Кај шахистките, со максимални осум бода води МШК Центар, пред бранителот на титулата Алкалоид со шест, но и натпревар помалку.

Резултати 3. коло (мажи): Мулти Есенс – Анпасан СЕШ 5-1, Гамбит Ассеко СЕЕ – Шкупи 6-0, Алкалоид – ГШК Куманово 5-1, Фламуртари – Прилеп 3,5-2,5, Гостивар – Нов Напредок 1,5-4,5.

Резултати 4. коло (мажи): Анпасан СЕШ – Нов Напредок 2,5-3,5, Прилеп – Гостивар 3-3, ГШК Куманово – Фламуртари 3-3, Шкупи – Алкалоид 0-6, Мулти Есенс – Гамбит Ассеко СЕЕ 2,5-3,5.

Табела: Алкалоид 8, Гамбит Ассеко СЕЕ 8, Фламуртари 6, Мулти Есенс 6, Нов Напредок 5, Гостивар 3, Анпасан СЕШ 2, ГШК Куманово 1, Прилеп 1, Шкупи 0.

Резултати 3. коло (жени): Гамбит Ассеко СЕЕ – ГШК Куманово 1-3, МШК Центар – Капабланка 4-0, Цареви Кули – Прилеп 0-4, Алкалоид беше слободен.
Резултати 4. коло (жени): Капабланка – Цареви Кули 0-4, ГШК Неготино – МШК Центар 0-4, Алкалоид – Гамбит Ассеко СЕЕ 4-0. Слободен беше Прилеп.

Табела: МШК Центар 8, Алкалоид 6, Прилеп 4, ГШК Неготино 2, Гамбит Ассеко СЕЕ 2, Цареви Кули 0, Капабланка 0. Г.И.