Турскиот фудбалски шампион Трабзонспор денес го промовира своето најново засилување, македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Тој во новиот клуб ќе го носи бројот 29, откако се одлучи за менување на средината по пет сезони во шпански Леванте.
Амбициите на Трабзонспор се висок пласман во туркото првенство и учество во групната фаза во Лигата на шампионите, каде што ги очекува едно квалификациско коло.
Трабзонспор минатата сезона, по пауза од речиси четири децении ја освои шампионската титула во Турција.