Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

Премиер-лигата разгледува ограничување на платите на клубовите за да ја одржи конкурентна врвната фудбалска лига, изјави претседателот на Кристал палас, Стив Периш, пренесе „Индепендент“.
– Што се однесува до конкурентната рамнотежа, луѓето треба да бидат храбри. Мислам дека има промени. Ограничувањата на Европската фудбалска унија за чинење на тимот се една идеја. Можеби нешто што е малку поригидно од тоа, со цврсто ограничување, кое не го зема предвид прометот. Има навистина позитивни разговори за тоа. Исто така, мора да бидеме многу внимателни, бидејќи има и несакани последици. Се надеваме дека ќе стигнеме некаде каде што ќе биде од корист, не само за клубовите во Премиер-лигата туку и за целата пирамида и нивната способност да се натпреваруваат – рече Периш на конференцијата за лидери во Твикенхем. Н.М.