ФУДБАЛ

Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига гласаа за развој на планови за воведување ограничување на трошоците. Шеснаесет клуба ги одобрија предлозите за Премиер-лигата за комплетирање на конечната економска и правна анализа потребна за да се создаде модел на ограничување на трошоците, пишува „Би-би-си“. Моделот би можел да им биде претставен на клубовите на годишното генерално собрание во јуни и, доколку се гласа преку него, ќе ги замени сегашните правила за профит и одржливост, од сезоната 2025/2026. Ограничувањето на трошоците ќе ги ограничи трошоците на клубовите за трансфери, плати и такси на агентите, а наводно предлозите вклучуваат ограничување на трошоците на меѓу четири и пет пати повеќе од сумата што ја добива клубот од Премиер-лигата што има најмал ТВ-приход, пишува „Би-би-си“. Н.М.