Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја вечерва на стадионот „Ал Џануб“ во Ал Вакра, Јапонија, на пенали со 3-1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1-1.

Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска, која е актуелен светски вицепрвак, израмни во 55 минута преку Иван Перишиќ и со поуспешно изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.

Во второто осминафинале од денешната програмата ќе играат Бразил и Јужна Кореја.