Фото: Игор Бансколиев

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, ги пофали своите „неверојатни“ фудбалери по нивната импресивна победа над Ливерпул во мечот од англиската Премиер-лига, пишува „Би-би-си“. „Пчелите“ победија со 3-1 дома за да ја продолжат својата серија без пораз во Премиер-лигата на шест натпревари. Победата го искачи Брентфорд на седмото место на табелата.
– Каква ноќ. Не можам доволно да ги пофалам играчите, тие се неверојатни. Ставот, трудот, напорната работа и заедништвото е сѐ што направија за да победат тим како Ливерпул – изјави Френк за „Би-би-си“.
Брентфорд загуби само еден од нивните девет досегашни натпревари во Премиер-лигата на домашен терен сезонава од лидерот во лигата, Арсенал. Резултатите дома вклучуваат победа со 4-0 над Манчестер јунајтед во август, реми без голови со Челси во октомври и реми 2-2 со Тотенхем во декември, пишува „Би-би-си“. Брентфорд, исто така, го победи шампионот Манчестер сити во импресивен меч на гости во ноември и никогаш не загубиле натпревар во Премиер-лигата на кој го отвориле резултатот, пишува „Би-би-си“.
– Треба да славиме и да уживаме во моментот, но потоа треба да бидеме максимални за да го победиме Вест Хем во ФА-купот в сабота – рече Френк.