ФУДБАЛ
Европското првенство (ЕП) во Германија досега беше интересен турнир, со многу голови во групната фаза, а трката за „златната копачка“ уште е отворена, откако ниту еден фудбалер не постигна повеќе од два гола, заклучно со натпреварите одиграни во вторникот. Многу репрезентации имаа повеќе стрелци во воведните три натпревари, при што репрезентацијата на Шпанија имаше четири различни стрелци на пример, а Германија веќе има шест фудбалери запишани во листата на стрелците, но позабележителна статистика може да биде во многу поинаков тип погодоци, автоголови, пишува британски „Индепендент“. На 16 изданија на европските првенства пред актуелниот шампионат во Германија, беа постигнати вкупно 20 автогола, а дури 11 од нив на континенталниот турнир одржан во 2021 година. Тој рекорд може да биде достигнат на ЕП 2024, на кое досега има седум автогола. Интересно, две децении немаше автоголови на ЕП, помеѓу првиот во 1976 година и вториот во 1996 година, пишува „Индепендент“. Н.М.
ЕП 2024
Група А
Германија 3 2 1 0 8-2 7
Швајцарија 3 1 2 0 5-3 5
Унгарија 3 1 0 2 2-5 3
Шкотска 3 0 1 2 2-7 1
Група Б
ТАБЕЛА
Шпанија 3 3 0 0 5-0 9
Италија 3 1 1 1 3-3 4
Хрватска 3 0 2 1 3-6 2
Албанија 3 0 1 2 3-5 1
Група Ц
Англија – Словенија 0-0
Данска – Србија 0-0
ТАБЕЛА
Англија 3 1 2 0 2-1 5
Данска 3 0 3 0 2-2 3
Словенија 3 0 3 0 2-2 3
Србија 3 0 2 1 1-2 2
Група Д
Холандија – Австрија 2-3
Франција – Полска 1-1
ТАБЕЛА
Австрија 3 2 0 1 6-4 6
Франција 3 1 2 0 2-1 5
Холандија 3 1 1 1 4-4 4
Полска 3 0 1 2 3-6 1
Група Е
Словачка – Романија вчера
Украина – Белгија вчера
ТАБЕЛА
Романија 2 1 0 1 3-2 3
Белгија 2 1 0 1 2-1 3
Словачка 2 1 0 1 2-2 3
Украина 2 1 0 1 2-4 3
Група Ф
Грузија – Португалија вчера
Чешка – Турција вчера
ТАБЕЛА
Португалија 2 2 0 0 5-1 6
Турција 2 1 0 1 3-4 3
Чешка 2 0 1 1 2-3 1
Грузија 2 0 1 1 2-4 1