ФУДБАЛ

Претседателот на ФА на Еквадор рече дека одлуката на ФИФА значи дека „спортската правда е задоволена“, а претседателот на Фудбалската федерација на Чиле рече дека ќе поднесе жалба и ќе го однесе случајот до Судот за спортска арбитража доколку тоа биде потребно, пишува „Би-би-си“

Репрезентацијата на Еквадор ќе игра на Светското првенство (СП) во Катар годинава, откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги отфрли тврдењата на Чиле дека во квалификациите играле со фудбалер што не смеел да настапи, пишува „Би-би-си“.
Фудбалската федерација на Чиле поднесе жалба до ФИФА, велејќи дека право на настап немал Бајрон Кастиљо, кој играше на осум меча во квалификациите за Еквадор. Управното тело на светскиот фудбал соопшти дека по „разгледувањето на сите елементи“ одлучило да ја „затвори постапката“ против Фудбалската федерација на Еквадор, пишува „Би-би-си“.
– Оваа одлука останува предмет на жалба пред Апелацискиот комитет на ФИФА – се додава во соопштението.

Одлуката го потврдува местото на Еквадор во групата А на СП 2022, во која се репрезентациите на Катар, Сенегал и на Холандија.
Претседателот на ФА на Еквадор рече дека одлуката на ФИФА значи дека „спортската правда е задоволена“, а Пабло Милад, претседателот на Фудбалската федерација на Чиле, рече дека ќе поднесе жалба и ќе го однесе случајот до Судот за спортска арбитража доколку тоа биде потребно, пишува „Би-би-си“.