Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги одреди четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија.

Академија Пандев го доби најпосакуваниот противник Кораб, додека останатите дуели се Силекс – Беласица, Македонија Ѓорче Петров – Работнички и Шкендија – Победа

Првите дуели од четвртиналето на Купот се играат на 7 ноември, додека реваншите се на 5 декември.

Четвртфинални двојки во Куп на Македонија:

Македонија ЃП – Работнички
Шкендија – Победа
Академија Пандев – Кораб
Силекс – Беласица.