Лионел Меси го имаше своето деби за Пари Сен Жермен, влегувајќи во игра во 66-та минута на гостувањето против Ремс 2-0, во рамки на француската фудбалска Лига 1. Влегувањето на Аргентинецот на теренот беше проследено со скандирање на неговото име и од противничките навивачи на Ремс.

ПСЖ водеше со 2-0 со головите на Килијан Мбапе во 16-та и во 64-та минута кога Маурисио Покетино реши да го внесе во игра Меси на местото на Нејмар со кого своевремено играа заедно и во Барселона.

Гостите ја остварија четвртата победа во исто толку првенствени мечеви по која се на врвот на табелата со 12 бода пред Анже со 10 и Клермон кој има осум поени.