Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо, беше примен во болницата во Ибица поради воспаление на белите дробови, објавија светските медиуми.

Поранешниот голгетер на Барселона, Интер, Реал и Милан се наоѓа на интензивна нега, но не е во животна опасност.

Од болницата на Ибица е соопштено дека Роналдо добро закрепнува.