Актуелниот првак лани триумфира на сите 11 натпревари (вкупна гол-разлика 43-8), а сезонава продолжи во истиот стил, ги доби трите досегашни натпревари во групата (12-3)
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Со вечерашните осум натпревари во групите А, Б, Ц и Д, ќе биде комплетирана четвртата рунда натпревари во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал. Баерн, бранителот на титулата, лани триумфира на сите 11 натпревари, постигнувајќи 43, а примајќи осум гола.
Сезонава Баерн продолжи во истиот стил, ги доби трите досегашни натпревари во групата и има гол-разлика 12-3. Баварците го пречекуваат Салцбург, кого во минатото коло на гости го совладаа со 6-2 и се во трка по 15-та победа во низа во ЛШ, за зголемување на рекордот.
Интер, кој е на дното на табелата во групата Б, со два бода, го пречекува Реал Мадрид, кој има четири бода, колку и Шахтар. Интер не смее да си дозволи кикс во Милано.
– Има уште девет бода за освојување, сѐ уште имаме шанси да се квалификуваме во следната фаза – вели тренерот на Интер, Антонио Конте.
Ливерпул ја пречекува Аталанта, која во минатото коло во Бергамо, во брилијантен меч ја победи со 5-0. Три гола постигна летното засилување Диого Жота, а по еден Садио Мане и Мохамед Салах.
– Играм во најдобриот тим во мојата кариера, тоа е сигурно – изјави по тој меч Жота.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
Група А: Баерн – Салцбург, Атлетико – Локомотив М.
Табела: Баерн 9, Атлетико 4, Локомотив 2, Салцбург 1.
Група Б: Борусија М. – Шахтар, Интер – Реал.
Табела: Борусија 5, Шахтар и Реал по 4, Интер 2.
Група Ц: Олимпијакос – Манчестер С., Марсеј – Порто.
Табела: Манчестер С. 9, Порто 6, Олимпијакос 3, Марсеј 0.
Група Д: Ливерпул – Аталанта, Ајакс – Митјиланд.
Табела: Ливерпул 9, Ајакс и Аталанта по 4, Митјиланд 0.