На некои митинзи од Дијамантската лига во 2020 година повеќе нема да има трки на 200 метри, 3.000 метри со пречки и натпревари во фрлање диск и во трискок, реши Интернационалната атлетска федерација (ИААФ), јави „Би-би-си“. Секој од 15-те митинзи ќе има по 12 дисциплини, на 10 ќе ги има трките на 200 и на 3.000 метри, а на два ќе има фрлање диск и трискок. Ниту една од четирите дисциплини нема да биде дел од финалето на Дијамантската лига во Цирих во септември.
– Нашата цел е да создадеме побрза, повозбудлива глобална лига што ќе биде презентација на нашиот спорт. Лига што радиодифузерите сакаат да ја покажат, а навивачите сакаат да ја гледаат. Сепак, го разбираме разочарувањето на тие спортисти во дисциплините што не се дел од сезоната 2020 – ја пренесе „Би-би-си“ изјавата на претседателот на ИААФ и на Дијамантската лига, Себастијан Коу.
Фрлање диск, трискок и трката на 3.000 метри се рангираа најниско во однос на популарноста, а трката на 200 м била тргната од списокот бидејќи организаторите сметаа дека неговото вклучување покрај трката на 100 м значи дека распоредот ќе биде „премногу густ, особено на ЛОИ в година“.
ИААФ соопшти дека нејзината одлука следувала по истражувањата за популарноста на дисциплините што биле спроведени во Кина, Франција, Јужна Африка и во САД, а анкети биле спроведени во Белгија, Велика Британија и во Швајцарија, пишува „Би-би-си“.