Животни
Интеракцијата и допирот помеѓу кучето и човекот може да има терапевтски придобивки за двете страни. Допирите ги смируваат запуштените кучиња, но и нивните сопственици. Сепак, треба да бидете внимателни, бидејќи на кучињата не им се допаѓа кога ги допирате и ги галите сите делови од нивното тело.
Во принцип, кучињата сакаат кога ги галите на градите, рамениците и блиску до опашот, како и на вратот и пределот помеѓу ушите. Но постојат и почувствителни области, каде што вашите раце се помалку добредојдени, имено: нивните уши, шепи, врвот на опашката, врвот на главата, муцката и стомакот. Тоа не значи дека ниедно куче не сака да го допираат на тие места, но би било добра идеја да ги избегнувате ако забележите чудно однесување на вашето домашно милениче додека го галите.
Исто така, движењата како „влечење“ на поводникот на вашето куче може да предизвикаат страв кај него. Вашето милениче може да го сфати овој вид на допир како закана, што може да предизвика да покаже знаци на агресија или да се обиде да побегне.
Едно истражување покажа дека кучињата повеќе сакаат галење отколку вербална пофалба кога станува збор за наградување на нивното позитивно однесување. На тој начин, гушкањето помага во одржувањето на добрите манири. Но понекогаш не е доволно тоа, па експертите советуваат комбинација од галење и гласовни пофалби за најбрзо учење.