Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Морковите се богати со каротеноиди како бета каротин и ретинол, кои во организмот се трансформираат во витамин А. Оваа важна хранлива состојка го зајакнува имунитетот на организмот, го намалува шеќерот во крвта и е одличен сојузник во борбата против кардиоваскуларните болести. Неопходен е за видот, развојот на коските и здравјето на кожата, ги балансира хормоните во телото и служи како одбрана од инфекции. Во продолжение ќе наведеме кои намирници се подобри снабдувачи со витамин А дури и од морковите.

Тиква
Сто грама од ова вкусно есенско овошје содржат 0,7 милиграми бета каротин и 14.100 единици ретинол, што задоволуваат приближно половина од дневните потреби за витамин А. Значителни количества вредни хранливи материи ќе најдете дури и во питите, но имајте предвид дека со оваа форма ќе внесете и значително количество шеќер и маснотии.

Сладок компир
Слаткиот компир ја задоволува потребата од јаглени хидрати и во исто време обезбедува богатство од витамини, особено витамин А. Во еден сладок компир ќе најдете повеќе од еден милиграм бета каротин и 21.000 единици ретинол, со што се задоволуваат поголемиот дел од потребите за оваа вредна хранлива состојка.

Кељ
Овој лиснат и достапен зеленчук не попусто се нарекува суперхрана. Сто грама кељ содржат дури 28.000 единици ретинол и малку повеќе од еден милиграм бета каротен. Покрај тоа, тој нуди богатство на витамини Ц и К, што го прави одличен сојузник на убавината и здравјето.