Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пред Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи протестот на судската администрација.

Тие протестираат откако им било кажано дека за нив не е предвидено поголемо покачување на платите од 10 проценти.

Претставници на синдикатите за судска администрација вчера во изјава за медиумите за време на протестите пред Министерство за финансии истакнаа дека сега бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници.