Техно
Компанијата „Косворт“ го претстави својот волан ЦЦВ Мк2 про сим, кој се заснова на истиот дизајн и конструкција како и воланот за вистински тркачки автомобили.
„Косворт“ има богата историја, која вклучува развој на мотори во Формула 1, каде што забележа вкупно 176 победи, а денес развива мотори за хиперавтомобилите „астон мартин валкири“ и „гордон мареј Т.50“. Меѓутоа, сега влезе во светот на тркачките симулации со откривањето на воланот ЦЦВ Мк2 про сим, на саемот „Аутоспорт интернешенел“ во Бирмингем. Контролорот е развиен во соработка со белгискиот производител на професионална симулациска опрема, компанијата СИМТАГ.
„Косворт“ моментално произведува голем број волани за мотоспорт, така што неговиот прв симулациски волан се базира на постојниот модел ЦЦВ Мк2. Тој волан го користи секој прототип на ОРЕКА 07 ЛМП2 во Светскиот шампионат во издржливост, а минатата година се користеше за Алпајн А480. Исто така се нашол и во неколку автомобили во ИндиКар.
Виртуелната тркачка верзија ги има истата конструкција и распоред на копчињата, што значи дека има и волан произведен од јаглеродни влакна што има сертификат од ФИА, 10 прекинувачи со гумена заштита, четири ротирачки прекинувачи со 12 позиции и два бројачи со 12 позиции.
Назад има менувачи на лопатки, како и систем за брзо ослободување на воланот. Главните елементи доаѓаат од истата производствена линија. Во центарот на воланот се наоѓа ТФТ-дисплеј, кој е единствен за верзијата про сим.
Демонстрацијата беше направена со користење на базата „Симкјуб“, фински бренд со кој СИМТАГ соработува при конструирање комплетни сетови за симулација на трки.