Техно

Воцап е една од најпопуларните апликации за остварување видеоповици и нуди мошне солидна листа на функции, но неговите корисници не можат да го споделат екранот на нивните уреди со луѓето со кои разговараат. Меѓутоа, и тоа ќе се промени.
Функцијата за споделување екран при видеоповици наскоро доаѓа кај корисниците, а се активира кога корисникот ќе допре нова икона во менито за контрола на повици, пишува „ВЕБетаинфо“.
– Воцап ќе има пристап до сите информации што се видливи на вашиот екран или што се прикажуваат на уредот за време на снимањето или емитувањето. Тоа вклучува информации како што се лозинки, детали за плаќање, фотографии, пораки и аудио што се емитуваат – се вели во предупредувањето што ја придружува новата функција.
На овој начин Воцап се израмнува со Зум и Мајкрософт тимс, кои веќе ја имаат споменатата функција.
Споделувањето на екранот е корисно во ситуации како што се презентации за време на работни состаноци, но може да се користи за техничка поддршка, како и за заемна помош помеѓу членовите на семејството.