Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Кога станува збор за растот на косата, факт е дека не постои магично решение за косата да порасне прекуноќ. Единствениот начин да ги видите резултатите побрзо е да следите правилна рутина за нега, а есенцијалните масла можат да ви помогнат во тоа. Едно такво магично есенцијално масло е маслото од рузмарин, кое е одлично за тенка безживотна коса, но и за коса што побрзо се мрси. Исто така, одредени студии покажаа дека тоа масло ја спречува појавата на седа коса.
Рузмаринот влијае на циркулацијата и ги храни фоликулите на косата од самиот корен, а постојат неколку начини на кои можете да го користите. Едно нешто заедничко, без разлика дали тоа е во форма на маска или средство за плакнење со чај, ако навистина сакате да ги видите резултатите, е тоа што треба да бидете редовни. Затоа, нема прескокнување на третманите, а експертите советуваат да изберете и шампони без сулфати и парабени.
Косата по тој регенератор, кој не се плакне, ќе ви биде сјајна и мека, а одличен е и доколку имате проблем со првутот.
Состојки: 1 лажица листови од рузмарин (ако немате, алтернатива се 15 капки масло од рузмарин), 1 чаша вода, шише со распрскувач. Приготвување: Сварете чај и додајте листови или капки од рузмарин само кога водата ќе зоврие. Оставете го да отстои 10 минути. Ако сте користеле листови, течноста ќе добие малку зелена боја, а ако сте ставиле масло, ќе остане безбојна. Откако ќе се олади, истурете го чајот во шише и нанесете го по целата должина откако ќе ја измиете косата.