Нега и убавина

Со цел правилно да ја заштитиме кожата од штетното УВ-зрачење во текот на летото, се трудиме да ги следиме советите на експертите. Сепак, колку и да внимаваме, кожата трпи промени поради контакт со морската, езерската или водата од базен, како и поради изложување на сонце и ветер. Затоа, по летото таа бара дополнителна грижа. Неопходно е да ѝ се врати виталноста и да се компензираат сите потребни хранливи материи, кои ќе ѝ помогнат да се регенерира што е можно побрзо.
Од одмор често се враќаме со дехидрирана кожа, која најпрво се забележува на лицето. Вратете ја влажноста на кожата со лесни хидратантни креми, кои дополнително ќе ја освежат. Бидејќи секој тип кожа бара различен третман, употребете специјални хидратантни кремови за нормална, сува и мрсна кожа, како и кремови против брчки.
Секако, пред тоа се препорачува темелно чистење на кожата и подготовка на лицето за нанесување на кремот, а ефикасно решение за тоа е мицеларната вода, со која ќе ги отстраните сите нечистотии.
За кожата на телото употребете специјално млеко, кое ги содржи сите потребни состојки што дури и сувата кожа ќе ја направат мека и мазна на допир.
Секако, не заборавајте да го освежите телото и однатре, бидејќи тоа ќе влијае и на вашата кожа. Додадете овошје и зеленчук богати со антиоксиданси во вашата исхрана: боровинки, брусница, брокула, спанаќ, костенливи плодови.