Во мода се враќа фризурата „бикси“ од 1990-тите

Филмските икони од 1990-тите, Винона Рајдер, Дру Баримур и Хали Бери, своевремено ги урнаа предубедувањата дека само долгата и раскошна коса може да се смета за убава, носејќи „бикси“ – мешавина на ултракратка фризура „писки“ и „боб“.
„Бикси“ се најде на насловните страници на магазините на крајот на милениумот, бидејќи ја покажа убавината на кратката коса, а деновиве оваа некогаш контроверзна фризура повторно е во тренд. Оваа сезона ја пронајдоа: Ен Хатавеј, Лејди Гага, Флоренс Пуг и други, а ја обожаваат и голем број
стилисти на познатите. Оваа фризура може да се приспособи на потребите на оној што ја носи, бидејќи има елементи на две класични фризури.
Освен тоа, индустријата за убавина денес ги прифаќа инклузивноста и разноликоста, а тоа се однесува и на косата.
Фризерите и стилистите предвидуваат дека оваа фризура може да одговара и на различни должини и типови коса, за разлика од порано кога можеше да се види само на рамна коса. Она што треба да се земе предвид пред да направите фризура „бикси“ е дека е неопходна посветеност на негата и стилизирањето. Според стручњаците, „бикси“ е идеална за оние жени што сакаат нешто пократка коса од „боб“, но сепак не се подготвени за толку кратка коса.