Медицински совет
Бидејќи знаеме дека повеќето луѓе сакаат да се сончаат, треба да се има на ум дека само умереното сончање може да му помогне на организмот во природната одбрана на кожата, бидејќи на тој начин се активираат меланоцитите и се поттикнува обновувањето на кожата. Додека нашето тело е изложено на сончевите зраци се лачи и „среќниот“ хормон серотонин. Покрај тоа, сонцето помага во производството на витамин Д, кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и учествува во формирањето на коските. Но за да уживате во топлите летни денови, треба да следите неколку едноставни совети.
Нанесете заштитен фактор во вистинско време. Потребно е да се нанесе крем за сончање 15-20 минути пред излегување на сонце. Од заштитниот фактор што го користите зависи колку долго можете да бидете на сонце пред да почувствувате оштетување од УВ-зрачењето. На пример, СПФ 10 блокира 90 отсто од УВ-зраците. Заштитниот фактор се избира според типот на кожата. Не заборавајте дека дури и облачните денови можат да предизвикаат оштетување на кожата.
Производите за сончање чувајте ги под сенка, бидејќи ако го оставите омилениот заштитен фактор на сонце, можете да ги уништите неговите заштитни филтри и со тоа да го ослабнете неговото дејство.