Истражувањата што би ја откриле тајната на убавото стареење и вечната младост никогаш не престануваат да ја интригираат јавноста, а научниците сѐ почесто препорачуваат разни додатоци што можат да помогнат. Но, всушност, постојат работи што можете да ги правите во вашиот секојдневен живот за да ги забавите негативните ефекти од стареењето, па дури и потенцијално да додадете години и квалитет на вашиот живот.

Што е можно помалку шеќер: шеќерот е непријател број еден кога станува збор за стареењето.
– Едно истражување припишува 184.000 смртни случаи секоја година од слатки пијалаци, како газирани сокови. Не само што го зголемуваат ризикот од дијабетес и дебелина туку шеќерот во пијалаците може да направи да изгледате постаро – вели докторот Ентони Јан.

Шарена исхрана: различното и разнобојно овошје и зеленчук се полни со антиоксиданси што се важни сојузници против стареење.
Чистете ги забите со конец: секојдневното чистење ќе го намали воспалението на непцата.
– Гингивитисот е една од најголемите причини за стареење, поврзан е со срцеви заболувања и мозочен удар и негативно влијае на имунолошкиот систем, што го зголемува ризикот од инфекции, рак и дисфункција на мозокот – вели д-р Мајкл Ројзен.