Медицински совет

Лошата орална хигиена може да доведе до таложење наслаги, заболување на непцата и може да биде почва за бактерии. Ако го бакнете партнерот, сите тие бактерии може да завршат во вашата уста преку плунката.
– Да се бакнувате со некој што не ги мие забите не само што е ужасно туку може да влијае и на вашето здравје – вели д-р Тина Соу, докторка по стоматологија.
Таа објасни дека бакнувањето со некого 10 секунди значи дека можете да пренесете до 80 милиони бактерии и микроорганизми во вашата уста. Иако е нормално да имате добри бактерии во устата, бакнувањето со некој што има многу лоши бактерии може да влијае и на вашето здравје.
– Тие лоши бактерии можат да се најдат во вашата уста за време на бакнеж и на тој начин да доведат до голем број проблеми во усната шуплина. Лошиот здив, болестите на непцата и кариесот лесно ќе се развијат доколку не внимавате на хигиената – додава Соу.
Не постои начин да избегнете размена на плунка додека се бакнувате со партнерот, но постојат начини да ги држите бактериите под контрола.
– За почеток, важна е правилната орална хигиена, која вклучува четкање на забите најмалку двапати на ден, но и чистење со конец и редовни посети на стоматолог. Значи, сѐ додека редовно ја одржувате хигиената на забите, не би требало да има проблем – истакнува таа.