Во екот на туристичката сезона во Охрид и годинава се одржува седмото издание на „Бич филм фестивал“ од 17 до 1 јули. Годинашното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид: плажата Славија, плажата Сараиште, бродот „Армада“ и Младинскиот културен центар.
Годинава земја во фокус е Шпанија, со поддршка од шпанската амбасада, а ќе се прикажат филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Филмовите смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Ќе бидат прикажани како претпрограма од денеска до 7 јули на плажата Сараиште и проекциите ќе бидат од отворен карактер, бесплатни за сите посетители.
„Бич филм фестивал“ секоја година расте, не само квантитативно со бројот на филмови што се прикажуваат, туку и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година на година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика, која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.