Продолжува серијата „Филхармонија за филхармонија“

Четвртиот концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“, на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонијата во различни формации, ќе се одржи утревечер, во 20 часот. На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола.
Во рамките на концертот ќе настапат: „Брас квинтет“ (Стефан Илиев – труба, Јордан Колевски – труба, Благоја Василевски – хорна, Бранко Илиевски – тромбон, Александар Ниниќ – туба), пијано триото (Мартин Димитров – виолина, Маја Михајловска – виолончело, Иван Трајковски – пијано), триото (Здравко Ангелов – кларинет, Илза Бафтијари – виола, Шкељзен Бафтијари – пијано), „Трио Принчипеле“ (Ана Кондратенко – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело), пијано-дуото (Маријана Николовска – пијано, Шкељзен Бафтијари – пијано) и квинтетот (Марија Трајковска – виолина, Александар Поп-Христов – гитара, Филип Петрески – хармоника, Маријана Николовска – пијано,Александра Чуруковска – контрабас).