Промоција на книгата „Динга стоп: скопски приказни од Ново Маало“ од Владимир Плавевски, вечерва, со почеток во 19 часот, ќе се одржи во центарот на автентичната скопска населба Ново Маало, која е во фокусот на авторот Плавевски. Тој ќе оствари средба со своите новомаалци, со кои ќе се потсетат на животот и луѓето од старо Скопје и некогашно Ново Маало.
Утре во 19 часот, „Динга стоп: скопски приказни од Ново Маало“, која е во издание на „Арс либрис“, ќе биде претставена и во книжарницата „Литература.мк“, на улицата Македонија. Промотор ќе биде Мојсо Мојсовски, новинар и долгогодишен уредник на Дневникот во Македонското радио, a извадоци од расказите ќе чита актерката Снежана Конеска-Руси. Со овој настан во книжарницата ќе биде одбележана 55-годишнината од скопскиот земјотрес.