Организацијата „Лидери за едукација, активизам и развој“ неодамна ги објави петте училишта чии тимови се победници во првиот циклус од програмата УПСХИФТ Ер (UPSHIFT Air). Станува збор за тимовите составени од ученици и ментор од средните училишта: „Орде Чопела“ од Прилеп, „Љупчо Сантов“ од Кочани, „28 Ноември“ од Дебар и „Владо Тасевски“ од Скопје.
Во наредниот период, тимовите од овие училишта ќе ги спроведат своите решенија во пракса, со финансиска поддршка од 120.000 денари, како и менторска поддршка.
Со реализација на своите решенија, тимовите ќе придонесат за намалување на штетните последици од загадениот воздух.
Програмата УПСХИФТ е реализирана од здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД) во рамките на проектот „УПСХИФТ за лист и квалитетен воздух“ (UPSHIFT-ers for air quality) спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и од Фондот за иновации и технолошки развој на нашата земја.
Програмата, преку три циклуси вклучува 150 средношколци, во 30 средношколски тимови што дизајнираат решенија. Од вклучените средношколски тимови, вкупно 15 ќе добијат можност за спроведување на дизајнираните решенија.