Кинескиот стартап „Бетаволт“ разви батерија за која тврди дека 50 години нема потреба од полнење или одржување. Како што пренесуваат медиумите, пробивот во минијатуризацијата на атомската енергија значи дека „Бетаволт“ успеал да „стисне“ 63 нуклеарни изотопи во модул со големина на пара.

Компанијата што стои зад оваа иновација открива дека нивната батерија од следната генерација е веќе во пилот-тестирање. Планот е масовно да се произведува за комерцијална употреба за уреди како телефони и дронови, но сè уште нема информации за тоа од кога.

„Бетаволт објави дека нивниот првичен модел на нуклеарна батерија испорачува 100 микровати моќност на напон од 3V, со димензии 15х15х5 кубни милиметри. Во иднина, компанијата има цел да ја подобри својата технологија и да произведе батерија од 1 ват до 2025 година.

И да се оствари сето ова, долгиот век и „бесконечноста“ на батериите може да бидат проблем за паметните телефони, кои обично ги менуваме на неколку години, а кои лесно може да се полнат.

Постои уште еден агол што треба да се земе предвид – со загриженоста за радиоактивни материјали, повеќето луѓе би се двоумеле дали да носат нуклеарен уред во џебот. Сепак, „Бетаволт уверува дека повеќеслојниот дизајн на нејзината батерија спречува да се запали или да експлодира.

Нуклеарните батерии работат со претворање на топлината од радиоактивното распаѓање во енергија. Тие обично користат изотопи како што е плутониум-238 и се познати по нивниот долг животен век, кој трае со децении без одржување.

Совршени се за вселенски мисии и локации каде што нема струја, но проблемот е што не се многу ефикасни, а употребата на радиоактивни материјали потенцијално поттикнува безбедносни и еколошки проблеми.

Од компанијата, пак, велат дека „овие батерии се еколошки, а по одреден период на распаѓање, изотопот 63 се претвора во стабилен изотоп на бакар, кој не е радиоактивен и не претставува никаква закана или загадување за животната средина“.