Ако имате милион долари во џебот и сакате да купите луксузен дом, тогаш каде би ги вложиле своите средства? Врз основа на податоците на „Најт Френк“, инфографикот дава идеја каде во светот може да се добијат најмногу квадратни метри за сума од еден милион долари.
За оние што имаат доволно средства за инвестирање во луксузен имот, едно од првите размислувања, веројатно, ќе биде каде да се купи. Локацијата е сè, но како што покажува инфографикот, може да има огромен ефект врз тоа колку простор може да се добие за вредноста на парите. Оние што се решени да се преселат во Монако, најверојатно, ќе треба да направат одредени отстапки, затоа што за еден милион долари се добиваат само 15 квадратни метри. Од друга страна, за истата сума во Дубаи може да се купи луксузен дом од 137 квадратни метри, во Кејп Таун од 220 квадратни метри, а во Сао Паоло од 256 квадратни метри.