Турција е земја што има најголем удел во користењето мобилно банкарство, со тоа што 85 отсто од испитаниците рекле дека на тој начин ги извршувале своите трансакции, според најновите податоци од глобалното истражување на потрошувачите на „Статиста“. Нигерија со 82 отсто и Јужна Кореја со 79 отсто се веднаш зад неа, со слично високи бројки за користење мобилно банкарство. За сите три земји, бројките за класичното банкарство на интернет кажуваат малку поинаква приказна, при што само 48 отсто од турските испитаници користеле компјутер или лаптоп за своето банкарство, наспроти 32 отсто во Нигерија и 43 отсто во Јужна Африка. Авторите на извештајот на „Статиста“ за подемот на електронската трговија низ Африка објаснуваат дека ова делумно се должи на релативната достапност на мобилните уреди наспроти компјутерите, лаптопите или таблетите и дека до 2021 година, континентот имал 481 милион корисници на мобилен интернет.
Од друга страна, САД и Велика Британија забележаа пониски стапки на користење мобилно банкарство, така што само 58 отсто од Американците, односно 65 отсто од Британците се одлучиле за овој вид услуги. Банкарството на интернет го извршувале 46 отсто од Американците и 47 отсто од Британците. Кога станува збор за користење на услугите на банкарските филијали, според податоците на „Статиста“, земја со најголем удел на луѓе што одат во банка е Нигерија со 68 отсто, додека во Швајцарија само 22 отсто од граѓаните оделе во банка.