Два истражувачки брода изградени од Кина завршија исцрпно истражување
на рибните ресурси во Индиски Океан, пополнувајќи ја клучната празнина
во разбирањето за морските рибни ресурси

Кина го заврши истражувањето за риболовните ресурси во Индиски Океан

Истражувачките бродови, „Ланхаи 101“ (Син Океан) и „Ланхаи 201“, се вратија во нивните пристаништа во Кингдао и Шангај, соодветно, откако завршија 110-дневно патување, кое покриваше приближно 20.000 наутички милји и опфаќаше 103 станици за земање примероци во северозападниот дел на Индиски Океан.
Извонредни 112 вида рибни организми, од туна до марлин, беа каталогизирани и собрани за време на ова опсежно истражување.
Истражувачкиот тим доби вредни податоци за рибите од горниот слој, цефалоподите и раковите во областа на истражувањето. Дополнително, беа собрани податоци и примероци за планктони, рибини јајца и ларви, како и за водната средина.
Бродовите добија голем број морски биолошки примероци, кои ќе обезбедат вредни ресурси за кинеските научници во истражување и развој на примероци за биологија на океаните и истото тоа ќе послужи за низа благородни цели: од екологијата и зачувувањето на океанската средина, преку биологијата и истражувањето на видовите, па сѐ до стопанството и индустријата, и сето тоа за глобалното добро и светската грижа за ресурсите.

Витална поддршка за зачувување на генетските ресурси и одгледување
нови сорти во иднина

Еден од најважните моменти е дека е фатен голем примерок од сончевата риба во Индиски Океан, со тежина до 500 килограми.
Џин Јуе, главен научник на „Ланхаи 101“, рече дека „колекцијата на овие видови ќе обезбеди витална поддршка за зачувување на генетските ресурси и одгледување нови сорти во иднина“.
Жао Ксијанјонг, истражувач во Истражувачкиот институт за рибарство во Жолто Море на Кинеската академија за риболовни науки, истакна дека експедицијата не само што ја пополни празнината во разбирањето за морските риболовни ресурси туку е од голема важност за одржливиот развој на морскиот риболов и заштита на морските биолошки ресурси.
Некои клучни примероци ќе бидат префрлени на Националната банка за ресурси за биолошка гермплазма за стандардизирано долгорочно зачувување, за употреба во научно истражување и развој на нови видови аквакултура.
Бродовите во моментов се најголемите и најнапредни бродови за истражување на океанскиот риболов во Кина, со должина од 84,5 метри, ширина од 15 метри и домет од 10.000 наутички милји, способни да патуваат низ целиот свет, освен во ледената област.
– Бродот има силна отпорност на ветер и бранови, со самоодржлив капацитет од 60 дена и може да прими 60 луѓе за научни истражувања – рече Џин.