Британија има регистрирано над 11.600 позитивни случаи и над 570 жртви

Ако ова моделирање биде потврдено во подоцнежни студии, тоа ќе значи дека е мал бројот на заразени што бараат болничко лекување, при што мнозинството покажува многу благи симптоми или воопшто нема

Бидејќи режимите за тестирање низ целиот свет се разликуваат неверојатно, реалната стапка на смртност и хоспитализација на ковид-19 е тешко да се утврди. Но моделирањето од страна на истражувачите од Универзитетот во Оксфорд може да донесе добри вести, дури и ако првичните наоди не изгледаат толку ветувачки. Според хипотетичкото моделирање од Лабораторијата за еволутивна екологија на заразни болести на Оксфорд, половина од населението во Велика Британија можеби веќе е заразено со коронавирус. Ако ова моделирање биде потврдено во подоцнежни студии, тоа би значело дека е мал бројот на заразени кои бараат болничко лекување, при што мнозинството покажува многу благи симптоми или воопшто ги нема.
Во математичкиот експеримент, истражувачите ја разгледувале популацијата која е изложена на ризик од тешка инфекција. Додека стапката на ризик од 0,1 отсто сугерира голем број на заразени лица – што укажува на пониски стапки во хоспитализација и смртност – повисока стапка на ризик од еден отсто подразбира можност за поризичен вирус на ниво на население.

Според математичкото моделирање во врска со сценарио од 0,1 отсто, коронавирусот пристигнал најдоцна во средината на јануари и се ширел неоткриено повеќе од еден месец пред да се потврдат првите случаи. Врз основа на моделот на подложност – инфицирање – закрепнување, кој најчесто се користи за проценување во епидемиологијата, со податоци од извештаи за случаи и смртни случаи во Британија и Италија, истражувачите утврдиле дека почетната стратегија за „имунитет на стадо“ на владата на Британија можеби и била добра.
– Изненаден сум што имаше такво неквалификувано прифаќање на империјалниот – рече водечкиот истражувач Сунетра Гупта, осврнувајќи се на академскиот извештај кој предвидува дека до 250.000 лица би можеле да бидат убиени доколку владата го спроведе својот план за сузбивање на вирусот, „но не и целосно да го искорени“ – како што рече главниот научен советник во земјата.

Британија до вчераутро имаше регистрирано над 11.600 позитивни случаи и над 570 жртви.
За да проверат дали се добри неговите пресметки, тимот на Оксфорд сега работи со истражувачи од универзитетите во Кембриџ и Кент за да можат што побрзо да почнат со тестирање на антитела.
– Треба веднаш да почнеме со серолошки истражувања во големи размери, тестирање на антитела, за да процениме во која фаза на епидемијата се наоѓаме сега – изјави Гупта за „Фајненшл тајмс“.
Лори Гарет, добитничка на „пулицер“ за известување за инфективни болести, ја објаснува потребата во јавното здравје за тестовите на антитела: Според Гарет, најважно е дека тој тест може да биде алатка за јавното здравје. Ако го имавме овој тест за антитела, можеме случајно да избираме луѓе во Њујорк и да откриеме колку њујорчани, дури и сега, го имаат овој вирус во нивните тела. Бидејќи знаеме дека вирусот никогаш не бил кај луѓето, секој што има антитела против него е изложен од јануари.

– Ако можеме масовно да го произведуваме овој тест на антитела, а знам дека сега се работи на тоа и дека брзо ќе се стави во комерцијална употреба, тоа може да ја промени играта во целата пандемија. Една од работите што би сакале да ги знаеме сега е колку луѓе кои имаат пневмонија од јануари, всушност, биле случаи на ковид-19. Одговорите на тоа прашање ќе направат разлика на ниво на политички одлуки.

Доколку одеднаш гледаме наплив на случаи на скриена пневмонија од средината на февруари, тоа ќе ни каже дека сме во длабока неволја, дека ситуацијата е како во Италија и дека ние одеднаш ќе бидеме прегазени и дека нашите болници ќе бидат поразени. Но ако од друга страна, се најде ист број случаи во историските примероци што се следат назад до јануари, тоа ќе ни каже дека болеста постепено се развива, но дека не мора да ја заклучиме буквално секоја личност во Њујорк и дека може да ја израмниме кривата. Тоа прави голема разлика во однос на тоа колку драстични треба да бидат нашите политики – нагласува Гарет.

Иако моделирањето во Оксфорд изгледа ветувачки, како и сите академски студии што го анализираат коронавирусот, треба да се чита во јавност до доза на претпазливост. Доколку тестовите на антитела не ги докажат најдобрите сценарија на епидемиолозите, моделирањето може да го поткопа успехот на мерките за социјално дистанцирање, за кои експертите за јавно здравје сметаат дека се неопходни за запирање на ширењето на вирусот. Сепак, тоа ја открива потребата од соодветно ниво на тестирање, така што владите можат да донесат соодветни политики што ги одразуваат реалните стапки на инфекција и хоспитализација.