Домување

Изминативе години има многу поскапувања на повеќето дневни потреби, но и даноци, што е дополнително оптоварување на буџетот од домаќинствата. Затоа е неопходно рационално користење на ресурсите.
Дали некогаш сте се запрашале кој кујнски апарат троши повеќе електрична енергија? Ако сакате да загреете малку вода и се прашувате на кој начин да потрошите најмалку енергија, експертите препорачуваат електричен бокал, бидејќи троши помалку струја од микробрановата печка или електричниот шпорет.
Исто така, електричните бокали содржат автоматско исклучување, што го спречува дополнителното загревање откако водата ќе зоврие, со што дополнително се спречува непотребното трошење. Меѓутоа, бокалот е најдобрата опција за загревање вода, но не и за други работи.
Ако сакате да загреете супа, тогаш подобро е да користите микробранова печка, особено ако станува збор за мало количество. За литар или повеќе, поисплатливо е да се загрее на електричен шпорет. Исто така, ако имате апарат за јајца, со неговото користење може да заштедите барем половина од енергијата што би ја потрошиле за готвење на јајцата на електричен шпорет.