Домување

Многумина од нас имаат дилема каде да постават полици за книги во домот, па обично го избираат местото што им останува откако ќе ги стават главните парчиња мебел. Меѓутоа, на овој начин можете да ја блокирате позитивната енергија. Фенг шуи најмногу внимание посветува на ориентацијата во просторот за да се обезбедат просперитет и напредок. Според тоа, полиците за книги, како продолжение на нашата креативност и имагинација, треба да бидат поставени во светла и прозрачна просторија, каде што креативната енергија може да расте и позитивно да влијае на нашата енергија.
Ако сте многу горди на вашата колекција книги, ставете полица во централниот дел од домот, така што таа ќе ви носи радост секогаш кога ќе влезете. Енергијата што ја чувствувате кога ќе ја видите истакнатата полица за книги ќе се рефлектира назад во собата, зголемувајќи ги позитивната енергија и радоста во просторот.
Во практиката на фенг шуи, нередот предизвикува негативна и збунувачка енергија, која може да го блокира позитивниот проток на енергија низ просторијата. Затоа, за да го зголемите протокот на позитивна енергија, треба редовно да ги чистите полиците и книгите и да се ослободите од старите и искинати што не ги користите. Со чувањето вакви книги дозволувате старата и негативна енергија да се вкорени во вашиот животен простор.