Ајде да видиме

Браната претставува голема преграда изградена на река. Мал дел од водата протекува низ браната, но најголемиот дел се собира зад неа и создава езеро или резервоар. Оваа вода се користи за снабдување на градовите со вода за пиење, за наводнување на полињата и за спречување поплави низводно од браната. Понекогаш водата што поминува со сета сила низ браната се користи за придвижување големи тркала со лопатки, наречени турбини, и така се создава електрична енергија.
Хидроелектричната централа се наоѓа пред браната. Дел до водата од резервоарот се пропушта да помине низ цевките во браната и тоа доведува до вртење на турбините и придвижување на генераторот. Во него, магнетот што е поврзан со турбината исто така се движи и создава електрична енергија.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)