Романскиот филм „Новата година што никогаш не дојде“ е прогласен за најдобро остварување на годинашниот фестивал на авторски филм во Белград.
Покрај другите награди, овој филм е победник на годинашниот филмски фестивал во Венеција во категоријата „Хоризонти“.
Паѓа режимот на Николае Чаушеску, а шест лица несвесно стануваат дел од таа катастрофа. Исплашен татко планира убиство. Телевизиски режисер се обидува да го спаси новогодишното шоу. Неговиот син планира да избега во Југославија, не знаејќи дека полицијата го следи. Додека нивните животи се испреплетени, една петарда го означува почетокот на револуцијата.
Режисер и сценарист на овој филм е Богдан Муресану, кој досега е наградуван за неговите кратки филмови.